SYNERGY VITAMIN C 1000mg x 60tbl Product Main Image

SYNERGY VITAMIN C 1000мг x 60таблети

Brand: HealthAid brand logo SYNERGY

Произведувач: SYNERGY

721,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Хидросолубилен витамин кој заедно со нејзиниот активен метаболит, дихидроаскорбинската киселина, учествува во оксидоредуктивните реакции. Неопходен е при создавање на колагенот кој учествува во градба на коските, забите кожата, рскавицата, тетивите и крвните садови. Неопходен е во биосинтезата на катехоламините и карнитинот, а учествува и во метаболизмот на некои аминокиселини, фолна киселина и железо. Како силен редуктор ги неутрализира штетните оксиданси и слободните радикали.
Индикации
Превенција и лекување при недостиг од витамин Ц - скорбут;
Состојби каде што се зголемени потребите од витамин Ц (хемодијализа, ГИ- заболувања, туберкулоза, неоплазми, улцер на желудник, хипертиреози, зголемена телесна температура, стрес, заразни болести, изгореници, пушење, алкохолизам, престој во ладни предели, по хируршки интервенции, тешка физичка работа, бременост, доење, растење и употреба на некои лекови (барбитурати, примидон, салицилати);
Состојби при намалено внесување на витамин Ц: болни на целосна парентерална исхрана, лица кои се на диета и лица кај коишто недостасува витамин Ц во исхраната;
Предозирање со железо: применет заедно со дефероксамин, го зголемува излачувањето на железо;
Лекување на идиопатската метхемоглобинемија.
Зголемени потреби од витамин Ц се јавуваат кај трудници, доилки, рековалесценти, постари лица, при зголемена телесна температура, хирушки зафати, употреба на некои лекови, спортисти, дијабетичари, при хемодијализа, пушачи, при консумирање алкохол, дијети, алергии, стрес и др.
Првите симптоми на недостиг на витамин Ц во организмот најчесто се неспецифични: слабост, брзо заморување и тромост. Во подоцнежната фаза, пациентите се жалат на болки во коските, зглобовите и во мускулите, а понекогаш и на отежнато дишење. Се зголемува можноста за почести инфекции и забавено закрепнување. Може да дојде и до отоци, крварење на непцата, пукање на капилари и бавно зараснување на рани и скршеници. Тежок дефицит на витамин Ц доведува до болеста скорбут.
Предности на Synergy VITAMIN C 1000mg:
Со технологија на постепено ослободување на витамин Ц од таблетата е овозможена максимална искористливост на активната компонента
Помала оптеретеност на бубрезите
Таблетата е збогатена со природен витамин

Слични Продукти