SYNERGY VITAMIN C 500mg x 60tbl Product Main Image

SYNERGY VITAMIN C 500mg TABLETI x 60

Brand: HealthAid brand logo SYNERGY

Произведувач: SYNERGY

440,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Хидросолубилен витамин кој заедно со нејзиниот активен метаболит, дихидроаскорбинската киселина, учествува во оксидоредуктивните реакции. Неопходен е при создавање на колагенот кој учествува во градба на коските, забите кожата, рскавицата, тетивите и крвните садови. Неопходен е во биосинтезата на катехоламините и карнитинот, а учествува и во метаболизмот на некои аминокиселини, фолна киселина и железо. Како силен редуктор ги неутрализира штетните оксиданси и слободните радикали.
Индикации
Превенција и лекување при недостиг од витамин Ц - скорбут;
Состојби каде што се зголемени потребите од витамин Ц (хемодијализа, ГИ- заболувања, туберкулоза, неоплазми, улцер на желудник, хипертиреози, зголемена телесна температура, стрес, заразни болести, изгореници, пушење, алкохолизам, престој во ладни предели, по хируршки интервенции, тешка физичка работа, бременост, доење, растење и употреба на некои лекови (барбитурати, примидон, салицилати);
Состојби при намалено внесување на витамин Ц: болни на целосна парентерална исхрана, лица кои се на диета и лица кај коишто недостасува витамин Ц во исхраната;
Предозирање со железо: применет заедно со дефероксамин, го зголемува излачувањето на железо;
Лекување на идиопатската метхемоглобинемија.
Synergy Витамин Ц 500 mg
Витамин Ц придонесува за: Одржување нормална функција на имунолошкиот систем, за време и по интензивна физичка активност
Нормални колаген формации за нормална функција на крвните садови, на коските, на рскавицата,нормална функција на непцата, кожата и заби Нормален енергетски метаболизам ,Нормално функционирање на нервниот систем, Нормална психолошка функција, Нормална функција на имунолошкиот систем ,Заштита на клетките од оксидативен стрес,Намалување на заморот и исцрпеноста,Регенерација на редуцирана форма на витамин Е Ја зголемува апсорпцијата на железото.
Употреба: За возрасни една (1) таблета дневно, со или после оброк или по препорака на Вашиот лекар или фармацевт.

Слични Продукти