Витамин Д3 се препорачува при: профилакса на рахитис и остеомалација предизвикани од дефицит на вит. Д3, профилакса кај постоечки ризик за заболување предизвикано од дефицит на вит. Д3, нормална функција на имунолошкиот систем, нормална мусклулна функција и за здрав раст и здрав развој на децата.Кај возрасни лесен недостаток на витамин Д се манифестира како губиток на апетит и тежина, проблеми со спиење и дијареа. Потежок дефицит предизвикува остеомалација и мускулни спазми. Коските стануваат меки, кршливи и болни, како резултат на намалениот калциум во нив. Кај деца недостаток на витамин Д е причина за рахитис.
Ризик фактори за дефицит на витамин Д
Неадекватно изложување на сончева светлина (аерозагадување ги блокира УВ зраците кои се потребни за продукција на витамин Д)
Вегани поради невнесување на млечни производи
Постари лица поради намалена способност да синтетизираат вит.Д3
Предвремено родени бебиња
Лица со болести на црниот дроб и бубрезите
Прекумерната употреба на алкохол има негативен ефект врз апсорпцијата и складирање на витамин Д.
Намалена способност за апсорпција на витамин Д земен орално може да биде поради цистична фиброза или отстранување на делови од дигестивниот тракт.Друга група на лиѓе каде се потребни повисоки дози на витамин Д од просечните се лицата кои имале хирушки зафат, поголеми телесни повреди или изгореници.Зголемениот стрес и хроничните исцрпувачки болести исто така бараат повисоки дози на витамин Д.
Суплементи со витамин Д им се потребни и на лица кои земаат одредени лекарства како антиконвулзиви, кортикостероиди или холестирамин. Тоа значи дека пациенти кои примаат терапија за артритис, асма, алергии, автоимуни заболувања, висок холестерол и епилепсија треба да се консултираат со лекар за да започнат да земаат суплементи со витамин Д.
Предности на Synergy Vitamin D3 2000IU
Витамин Д е задолжителен за превенција од остеомалација и заедно со калциум учествува во создавање на повисока минерална густина со што се намалува и ризикот од фрактури и паѓања.
Витаминот Д придонесува за нормална концентрација на калциум во крвта и за одржување на здрави заби.
Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата.
Витамин Д е неопходен за нормално функционирање на паратиреоидните хормони.
Витаминот Д е важен за здравјето на мускулите, бидејќи ја поддржува мускулната функција, мускулната сила и рамнотежа.
Дитаминот Д го подржува имунолошкиот систем.