NOW CoQ10 30mg x 60cps Product Main Image

NOW COENZIM Q10 30mg KAPSULI x 60

Brand: HealthAid brand logo NOW

Произведувач: NOW

1000,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Коензимот Q10 е природен нутриент присутен во секоја клетка и неопходен за производството на клеточна и мускулна енергија во организмот. Поради тоа се нарекува и убикинон (ubiquitus – секаде присутен). Кога снабдувањето со CoQ10 е ниско, клетките стануваат неефикасни и ранливи, имунолошкиот систем слабее, чувствителноста на одредени здравствени нарушувања се зголемува, започнува процес на предвремено стареење и срцето слабее.
Во храната е присутен во рибата, месото и мали количини во oревите. Прехранбениот внес на CoQ10 е околу 2 до 5 mg дневно, што значи дека изворите на исхрана не обезбедуваат доволни количини.
CoQ10 во организмот
Највисоки нивоа на CoQ10 се најдени во ткивата во организмот кои работат најнапорно: срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот. Со стареењето, едноличната исхрана, изложеноста на стрес, разни болести, земањето на некои лекови; организмот ја губи способноста за синтеза на потребните количини на CoQ10 и производство се смалува дури за 80%. Поради тоа има потреба за негово надополнување.
Зошто CoQ10 од NOW?
Единствена 100% комплетно природна форма на CoQ10
Анализиран за моќност и фармацевтски степен на чистина
Најдобро продаван бренд во САД
Состав: Количина во 1 доза:
Коензим Q10 (CoQ10) 30mg
Други додатоци: прав од бел ориз и целулоза (капсула). Не е произведено со пченица, глутен, соја, пченка, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.
Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно, со храна.Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

Слични Продукти