Овој препарат е граничен производ и внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.
Витаминот Б-12 (кобаламин) е витамин растворлив во вода кој е присутен во секоја клетка и игра важна улога во голем број биолошки процеси. Има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем преку синтезата на миелин и формирањето на црвените крвни зрнца. Вклучен е во метаболизмот на секоја клетка од човечкото тело, а особено влијае на ДНК синтезата, метаболизмот на масните киселини и хомоцистеинот. Витаминот Б-12 се сретнува во повеќе форми од кои метил формата е најстабилна и најчесто се употребува како витамински додаток.
Предности и својства
придонесува за нормален енергетски метаболизам
придонесува за нормално функционирање на нервниот систем
придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеинот
придонесува за нормална психолошка (ментална) функција
придонесува за нормално формирање на црвените крвни клетки
придонесува во одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
придонесува во намалување на заморот и исцрпеноста придонесува во процесот на делба на клетките.
Се препорачува за: Вегетеријацни и вегани/Луѓе постари од 60 години/Луѓе кои редовно земаат средства против желудечни киселини/Луѓе кои примаат лекарства за дијабетис, како метформин/Луѓе со кронова болест, улцеративен колитис, целијакиа или синдром на нервозни црева/Жени со историја на неплодност и спонтани абортуси.
Состав: Количина во 1 доза: 1 пастила % на дневни вредности Витамин Б-12 (како Methylcobalamin) 1mg (1000 mcg) 41.667%
Други додатоци: фруктоза, сорбитол, микрокристална целулоза, стеаринска киселина (од растителен извор), лимонска киселина, природен вкус и магнезиум стеарат (од растителен извор).
Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Препорака за употреба: Земете 1 пастила 1 до 2 пати дневно. Изџвакајте ја таблетата или држете ја во уста додека не се раствори и голтнете.
Пред употреба на граничниот производ , внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.
Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист.
Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.