NOW NAC-acetyl cystein 600mg x 100cps Product Main Image

NOW NAC 600mg KAPSULI x 100

Brand: HealthAid brand logo NOW

Произведувач: NOW

1739,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

N-Acetyl Cysteine (NAC) е стабилна форма на не-есенцијалната амино киселина цистеин. Тоа е аминокиселина која содржи сулфур која делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури, а исто така е неопходна и за формирање на глутатион. Селен е основен минерал во траг кој го олеснува производството на неколку важни ензими. N-Acetyl Cysteine (NAC) е антиоксидант кој се претвора во телото во амино киселина наречена цистеин. Цистеинот помага да се произведе глутатион, антиоксидант кој игра клучна улога во регулирањето на многу клеточни функции пред се го намалува оштетувањето на клетките, опоравувањето од повреди и помага при раст на мускулите. NAC има силно антиоксидативно дејство, пред се е прекурсор на глутатион кој ги неутрализира слободните радикали и има заштитна улога на респираторниот систем од штетното дејство на слободните радикали. Ацетилцистеинот е експекторант и муколитик, дериват на цистеинот. Тој ги кине дисулфидните врски помеѓу мукополисахаридните влакна и има деполимеризирачко дејство врз ДНК нишките на воспалителната бронхијална слуз, резултирајќи со намалена вискозност на бронхијалниот секрет и негов олеснет транспорт и исфрлање од бронхијалното стебло и трахеата. Ацетилцистеинот има секретолитичко дејство кое предизвикува разводнување на густиот бронхијален секрет и олеснето поминување низ бронхиите и трахеата, и на тој начин ја зголемува ефикасноста на искашлувањето и го подобрува дишењето.Состав Количина во 1 доза: 1 капсула % на дневни вредности Селен (елементарен) (од 5 mg L-Selenomethionine) 25 mg 45% /N-Acetyl Cysteine (NAC) 600mg
Други додатоци: хипромелоза (целулозна капсула), стеаринска киселина (од растителен извор), лимонска киселина и микрокристална целулоза.
Препорака за употреба: Земете 1 капсула 2 пати дневно
Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

Слични Продукти