Витамин Д-3 е витамин растворлив во масти. Витаминот Д-3 се разликува од останатите витамини, по тоа што е единствениот витамин, кој телото може да го произведе. Неговата синтеза започнува во кожата, каде под влијание на сончевата светлина 7-дехидрохолестерол преминува во пре-витамин Д3, којшто понатаму се претвара во витамин Д3 (холекалциферол). Витаминот Д-3 е важен за метаболизмот на калциум и фосфор, што ја промовира ресорпција на овие минерали од цревата и овозможува нивно складирање во коските. Потребен е за правилен раст на коските и забите, како и за мускулите и нервните ткива. Сонцето е најважен извор на витамин Д-3, но сите знаеме колку е штетно изложувањето на сонце. Затоа подобро е да внесувате витамин Д-3 преку исхраната или со консумирање на додатоци богати со витамин Д-3. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма во мека капсула. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Како и да е, не е присутен многу во храната. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата на Витамин Д станува се понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина. ПОЛЕЗНОСТИ
придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциум и фосфор
придонесува за нормално ниво на калциум во крвта
придонесува во одржување на нормални коски
придонесува во одржување на нормална мускулна функција
придонесува во одржување на нормални заби
придонесува во одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
придонесува во процесот на делба на клетките
придонесува за нормален раст и развој на коските кај децата
Се препорачува при:
Престој во затворени простории
Бременост
Лица со потемна кожа
Зголемена телесна тежина
Консумирање на лекови
Повозрасни лица
Состав: Количина во 1 доза: 1 капсула % на дневни вредности
Витамин Д-3 (како Cholecalciferol) (од Ланолин) 25 mcg (1000 IU) 125%
Препорака за употреба: Земете 1 капсула дневно, со храна.Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист.
Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.