UriRoyal UVA URSI е иновативен додаток во исхраната во форма на прашок во кесички, наменет за одржување на нормална функција на уринарниот тракт и мочниот меур. Овој производ претставува моќна комбинација која ефикасно помага при уринарни инфекции, особено оние предизвикани од бактеријата Escherichia coli.Состав по кесичкаД-маноза (2 g): Природен шеќер кој се врзува за бактериите E. coli и спречува нивно лепење за ѕидовите на уринарниот тракт, помагајќи нивно исфрлање преку урината.Сув екстракт од лист од Ува Урси (350,5 mg): Позната и како мечкино грозје, оваа билка содржи арбутин, кој делува како природен антисептик во мочниот меур.Како се користи?Дозирање: За деца над 12 години и возрасни, се земаат 2 кесички во првите 3 дена, а потоа продолжува со по 1 кесичка дневно.Подготовка: Содржината на кесичката се раствора во 150 ml вода и се пие веднаш.
Препорака: Најдобро е да се земе навечер пред спиење на празен желудник. По земањето, не треба да се пие дополнителна количина на вода.Важни предупредувања и контраиндикацииВременско ограничување: Не смее да се користи во континуитет подолго од 2 недели.Интеракции со други суплементи: Не го комбинирајте со производи кои содржат американска брусница или витамин Ц бидејќи ја намалуваат ефикасноста на увата.Забрането за: Трудници, доилки и деца под 12 години.