UTIDRY cps 30 x 500mg Product Main Image

UTIDRY 500mg KAPSULI x 30

Произведувач: ФАРМАНОВА, PHARMANOVA

737,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Utidry капсулите се природен додаток на исхраната наменет за поддршка на правилното функционирање на мочниот меур и долниот уринарен тракт кај жените. Главно се користат за одржување и подобрување на контролата врз мокрењето (при уринарна инконтиненција, неконтролирано или зачестено мокрење).
Состав и начин на дејствување
Препаратот е базиран на патентирана мешавина од растителни екстракти со стандардизиран квалитет (Dropsordry™):Екстракт од семе од тиква: Помага во зајакнување на мускулите на карличното дно.Изофлавони од семе од соја: Го намалуваат спазмот и прекумерната активност на мускулите на мочниот меур, а истовремено ја подобруваат синтезата на колаген, со што се намалува слабоста на уринарните органи.Кога се препорачуваат?Се применуваат кај жени кои се соочуваат со неволно испуштање урина (инконтиненција) предизвикана од:Хормонални промени во пременопауза, менопауза и постменопауза.Последици од бременост или природен породување.Физички напор, кревање тежок товар, кашлање или кивање (стрес инконтиненција)
Дозирање и начин на употреба
Производот е наменет исклучиво за возрасни лица над 18 години:Првите 4 недели: Се зема по 1 капсула двапати дневно.Следните 20 недели: Се продолжува со 1 капсула дневно.Забелешка: Првите забележливи ефекти обично се појавуваат по 2 месеци редовна употреба, а за оптимални резултати се препорачува континуиран третман до 24 недели.
Контраиндикации и предупредувања
Производот не смеат да го користат:Трудници и доилки.Лица пречувствителни на соја, мешунки, кикирики или полен од бреза.Жени со историја на естроген-зависни тумори или рак на дојка.Лица со заболувања на црниот дроб.Доколку земате редовна терапија (како антикоагуланти или хормонски лекови), консултирајте се со лекар пред употреба.

Слични Продукти