VIOPLEX -Т SPREJ Product Main Image

VIOPLEX -Т SPREJ

Произведувач: MEDICAIR BIOSCIENCE LABORATORIES S.A.

549,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

VIOPLEX-T Спреј ги комбинира дејствата на neomycin и bacitracin и се употребува исклучиво за локален третман на бактериски инфекции на кожа и слузокожа, за повреди подложни на инфекции како и при оперативни зафати. Потврдено е адитивното дејство на двата антибиотика во производот и нивната ефикасност против Г (+) и Г (-) микроорганизми. Оваа комбинација овозможува голема безбедност што се однесува на развој на болнички стафилококни инфекции или епидемии на таканаречениот “ епидемски соеви”, тоа е, група I стафилококи и други типови со висока патогеност.
Препаратот се користи при:
Хируршки процедури:
локално за превенција на пост оперативни и други рани, при оштетувања на кожата, трансплантација на кожа, изгореници од прв и втор степен со ограничен обем, расцеп (дехисценција) на фурункули и абсцеси.
Дерматологија:
за локален третман на трофични улкуси, дерматитис, декубитуси, хронични инфицирани дерматози како што се егзем, дерматомикози.
Начин на употреба
За правилна примена, следете ги овие чекори : Добро протресете го спрејот пред секоја употреба. Држете го шишенцето во исправена положба. Прснете директно на инфицираната или оштетената површина од растојание од 20 – 25 cm.
Контраиндикации
Лекот е наменет само за надворешна употреба (на кожа). Не смее да се прска во очи, нос, уста или на големи отворени рани без консултација со лекар.

Слични Продукти