Vizol S 0.21% се вештачки солзи (капки за очи) наменети за моментално ублажување на симптомите на благо до умерено суво око. Овие капки служат за заштита, влажнење и подмачкување на површината на окото.Главни карактеристикиАктивна состојка: Содржи висококвалитетен натриум хијалуронат (0,21%) кој врзува вода и создава заштитен филм на окото.Без конзерванси: Не содржат конзерванси, со што значително се намалува ризикот од иритација.Рок на употреба: Поради иновативниот и патентиран аппликатор кој ја одржува стерилноста, капките може да се користат дури до 6 месеци по првото отворање.Контактни леќи: Може да се аплицираат директно додека носите контактни леќи, без потреба од нивно вадење.Капацитет: Едно пакување од 10 ml содржи околу 350 стерилни капки.Кога се користат?Капките се идеални за ублажување на тегоби предизвикани од:Долготрајна работа на компјутер или гледање во екран.Престој во климатизирани простории или простории со парно греење.Надворешни влијанија како ветер, чад, прашина и сонце.Симптоми на сезонски алергии (чешање и црвенило).Чувство на печење, замор или присуство на „песок“ во очите.Како правилно да се користат?Пред употреба, убаво измијте ги рацете.Извадете го заштитното капаче од пумпата.Пред првата употреба: Свртете го шишенцето наопаку и притискајте ја пумпата неколку пати додека не се појави првата капка.Наведнете ја главата наназад, нежно повлечете го долниот капак и капнете 1-2 капки во окото.Трепнете неколку пати за течноста рамномерно да се распореди по окото.Вратете го заштитното капаче на пумпата веднаш по употреба. Внимавајте со врвот на апликаторот да не го допрете окото или рацете.Напомена: Капките може да се користат неколку пати дневно, по потреба. Доколку користите и друга терапија за очи (на пр. лековити капки), почекајте најмалку 15 минути пред да ги употребите Vizol S.