WAYA Lax ќесичките се медицинско средство во форма на перорален раствор кој нежно и ефикасно ја ублажува констипацијата (запек) и ја регулира функцијата на цревата. Производот доаѓа во пакување од 10 готови ќесички од по 20 ml и има пријатен вкус на цитрус.
Kарактеристики
Главна активна состојка: Содржи Макрогол 4000 (Macrogol 4000). Оваа состојка делува по осмотски пат ,привлекува и врзува вода во цревата, со што ја омекнува тврдата столица и го олеснува нејзиното празнење.
Нежно дејство: Не предизвикува грчеви, гасови ниту иритација на цревната слузокожа. Телото не го апсорбира макроголот и тој се исфрла непроменет од организмот.
Намена: Наменет е за возрасни, трудници и деца над 12 години кои се соочуваат со акутен или хроничен запек.
Начин на употреба
Растворот е веќе подготвен за пиење директно од ќесичката или може да се разреди во чаша вода или друг пијалак (сок, чај). Се препорачува да се зема наутро или според упатството на лекар/фармацевт за соодветно дозирање.