4U BABYTOL COLI drops 20ml Product Main Image

4U BABYTOL COLI KAPKI 2 x 10ml

Brand: HealthAid brand logo 4UPHARMA

Произведувач: 4UPHARMA

850,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Babytol Coli For You се капки за орална употреба во две вијали од по 10мл. Тие ги содржат добрите бактерии Lactobacillus reuteri, кои се важни за развојот на дигестивниот тракт, како и ензимот лактаза, кој помага во разградувањето на млечниот шеќер лактоза. Ова го олеснува варењето и ја намалува појавата на грчеви во стомакот кај новороденчињата и доенчињата.
Во клиничките испитувања, се покажа дека примената на Lactobacillus reuteri:
Го скратува времетраењето на епизодите на колика кај децата на природна исхрана
Ги скратува епизодите на траење на плачењето за 50%
Двапати го намалува бројот на посети на педијатар.
Babytol Coli For You!
Превенира и елиминира грчеви
Помага во развојот на дигестивниот тракт
Безбеден за примена од првиот ден
Препорака од фармацевтскиот тим на Амброзија Фарм
Употреба:
Новороденчиња и доенчиња: Капките се додаваат во мајчиното млеко или млечната формула, секој пат пред хранење на новороденчето/бебето и можат да се користат од првиот ден на раѓање или по препорака на педијатар. Кај доење: во претходно стерилизирана лажица, одмерете со капалката по 5 капки од двете вијали, дајте му на бебето да ги испие и потоа продолжете со доењето. Повторете ја постапката пред секој подој/оброк. Кај млечни формули: во претходно подготвена млечна формула додајте по 5 капки од двете вијали. Повторете ја постапката пред секој оброк.
Приготвената формула која детето нема да ја испие се фрла.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!

Слични Продукти