4U BABYTOL NEONATE DROPS 10ml Product Main Image

4U BABYTOL NEONATE KAPKI 10ml

Brand: HealthAid brand logo 4UPHARMA

Произведувач: 4UPHARMA

600,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Babytol Neonate For You! содржи комбинација од шест корисни соеви на лактобацили и бифидобактерии кои значително ја зголемуваат ефикасноста на овој препарат. Тоа се: Lactobacillus rhamnosus GG, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus reuteri, Bifidobacterium infantis, Bifidobacterium bifidum, Bifidobacterium breve. Капките за орална употреба се додаваат во мајчиното млеко или млечните формули. Наменети се за нормализирање на цревната флора кај предвремено родени бебиња и деца родени со царски рез, како и кај новороденчиња и мали деца кои се на антибиотска терапија.Кај предвремено родените бебиња и бебињата родени со царски рез, микробиотскиот систем се карактеризира со нарушена цревна флора (дисбиоза) со недоволен раст или недостаток на бактериски соеви на Lactobacillus и Bifidobacteria.Нарушувањата на цревната флора кај предвремено родените бебиња го зголемуваат ризикот од компликации кои можат да бидат опасни по живот: некротизирачки ентероколитис (оштетување на цревната слузница) и сепса. Според резултатите од систематските прегледи на 70 студии (38.000 испитаници), употребата на култура на корисни бактерии ја намалува инциденцата на тешки форми на некротизирачки ентероколитис за 50%, додека смртноста на децата родени со телесна тежина од 1000-1500 g се намалува за 25%.Бебињата родени со царски рез, бидејќи не минуваат низ породилниот канал, не ги добиваат првите добри бактерии од мајката. Поради недостигот на контакт на новороденчето со бактерии кои претходно го колонизирале породилниот канал, кај бебињата веднаш по раѓањето се јавува нарушена цревна флора.Нарушената цревна флора по царски рез во раното детство, како и во подоцнежниот живот, може да доведе до голем број алергиски, невроендокрини и метаболички нарушувања (атопичен дерматитис, астма, дијабетес, дебелина).Jа нормализира цревната флора кај децата родени со царски рез по тримесечна употреба, а целосниот ефект се постигнува со примена до преминот на претежно немлечна исхрана.
Капките се наменети за орална употреба и се додаваат во мајчиното млеко или во млечната формула:Ако го доите бебето: Одмерете 7-8 капки со капалката во претходно стерилизирана лажичка, дајте му ги на бебето, па потоа продолжете со доењето.Ако користите млечна формула: Подгответе го млекото според упатството. Дури откако млекото ќе се олади и ќе ја постигне температурата за хранење, додадете ги капките. Важна напомена: Никогаш не ги додавајте капките во премногу топла или врела формула, бидејќи високата температура може да ги уништи живите култури на добрите бактерии.Употреба -По породување со царски рез: Се препорачува употреба на капките во првите три месеци од раѓањето, со цел поддршка на имунитетот.При предвремено родени бебиња: Употребата на пробиотикот често се препорачува во тек на три месеци, со насоки кои може да варираат во зависност од гестациската недела.При антибиотска терапија: Пробиотикот се користи во текот на антибиотската терапија и по нејзиното завршување.

Слични Продукти