Alomax 5% (Аломакс 5%) е лек во форма на раствор (спреј) за кожа кој содржи 5% миноксидил (minoxidil) како активна супстанција и се користи за лекување на машки тип на опаѓање на косата (андрогена алопеција) кај мажи на возраст од 18 до 65 години. Лекот делува така што ги шири крвните садови, ја подобрува микроциркулацијата на скалпот и го стимулира растот на косата преку активирање на фоликулите.
Дозирање и начин на употреба: Се нанесува два пати дневно (наутро и навечер) по 1 ml раствор директно на сува кожа на темето. Еден милилитар (1 ml) одговара на 10 притискања на пумпата.Максимална доза: Вкупната дневна доза не смее да надмине 2 ml. По нанесувањето, рацете мора убаво да се измијат. Првите видливи знаци на раст на нова коса обично се појавуваат по 4 или повеќе месеци континуирана секојдневна употреба.
Контраиндикации: Не го користете ако имате оштетена, црвена, воспалена или иритирана кожа на скалпот.Доколку имате срцеви заболувања, ангина пекторис или проблеми со крвниот притисок, задолжително консултирајте се со лекар пред да започнете со третманот. Доколку почувствувате болка во градите, забрзано чукање на срцето, вртоглавица или ненадејно отекување на рацете и нозете, веднаш прекинете ја употребата.