Мулти-комплексна формулација на биоактивни соединенија, растителни состојки, витамини и минерали.Содржи глукозамин, хондроитин, колаген, метилсулфонилметан (МСМ) и хијалуронска киселина, растителни состојки на босвелија и ѓаволска канџа, како и комплекс од витамини и минерали: бакар, манган, цинк, селен, витамин Д3, витамин Ц, витамин Е, витамин Б12 и фолна киселина.
Начин на употреба: се препорачува да се зема 1 таблета на ден со чаша вода или друг ладен напиток за време на оброк. За оптимален ефект, употребувајте го производот најмалку 3 месеци. Ако голтањето е отежнато, таблетите може да се скршат и да се испијат.
Предупредувања: препорачаните дневни дози не смее да се надминуваат! Производот не треба да го земаат лица кои се преосетливи на некоја од состојките на производот. Производот не е наменет за бремени жени, доилки и деца под 18 години. Лица кои се на терапија со лекови, треба да се консултираат со лекар/фармацевт пред да го користат овој производ.