ALVEN GEL 50.000i.e. 40g Product Main Image

ALVEN GEL 50.000i.e. 40g

Brand: HealthAid brand logo ALKALOID

Произведувач: ALKALOID

230,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Хепаринот, кој е главна супстанција во препаратот, се наоѓа и во човечкиот организам и манифестира антикоагулантно и антитромботично дејство. Понатаму, дејствува антагонистички на некои ендогени трансмитери (хистамин, серотонин, ацетилхолин), од каде што произлегува и неговото антиинфламаторно, антиедематозно, умерено спазмолитично и антиалергиско дејство. Комбинацијата со декспантенол и алантоин овозможува поголема апсорпција на хепаринот.
ИНДИКАЦИИ
Профилактика и терапија на нарушувања од венско потекло, како што се: површински тромбофлебитис и флеботромбоза (воспаление на вените), флебитис по паравенски аплицирана инјекција, посттромботичен синдром, проширени вени,улкус на потколеницата (ulcus cruris), тапа болка во потколеницата, едем како резултат на венска инсуфициенција.
Терапија на оток или на хематом по случајни или по спортски трауми, како што се: контузија, дисторзија, луксација или фрактура на коска.
Забрзување на заздравувањето на постоперативните рани и терапија на лузни.
Терапија на тендовагинитис, бурзитис, епикондилитис.

Слични Продукти