Asso derm е медицински (синтетски) сапун наменет за секојдневна хигиена и нега на нормална, чувствителна и проблематична кожа.Благодарение на својата прилагодена pH-вредност, сапунот не ја нарушува природната хидролипидна бариера заштитниот слој на кожата. Производот е клинички тестиран и е погоден за луѓе кои имаат реакција или се чувствителни на класични парфимирани сапуни.Сапунот се користи како помошно средство за хигиена и нега при различни дерматолошки состојби:младешки мозолчиња (акни),хронична егзема,алергиски дерматитис,дерматози пропратени со лупење и затегнување на кожата.