Бетадине (Betadine) 10% раствор за кожа е антисептичко средство со широко дејство кое содржи активна супстанција повидон-јод. Се користи за дезинфекција, чистење и спречување инфекции на кожата и слузокожата. При допир со кожата, јодот полека се ослободува и ефикасно ги уништува бактериите, вирусите, габите и протозоите. Дејството започнува веднаш по нанесувањето.Главните индикации за употреба вклучуваат:Третман на површински повреди-дезинфекција на рани, исекотини, гребнатинки (абразии) и лацерации,нега на изгореници и декубити,спречување инфекции кај изгореници, хируршки инцизии и декубитални рани.