CANESTEN 1% CREAM 20g Product Main Image

CANESTEN 1% КРЕМ 20g

Brand: HealthAid brand logo BAYER

Произведувач: БАYЕР, BAYER

327,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Канестен® кремот се употребува за лекување дерматомикози (габични инфекции на кожата) предизвикани од дерматофити, квасни габи, мувла и други габи (габични инфекции на стапалата и кожата меѓу прстите на нозете, габични инфекции на рацете, габични инфекции на кожата на телото и на кожните ингвинални набори, питиријазис верзиколор) и еритразма. Кај жените се употребува за лекување на габични инфекции на срамните усни и околното подрачје и кај мажите инфекција на главата и кожичката на машкиот полов орган што ја предизвикале квасни габи (кандиден вулвитис и кандиден баланитис).Вообичаени симптоми на габични инфекции на кожата се-Црвен осип или плускавци
-Чешање, пецкање или боцкање-Излупена, напукана или лушпеста кожа-Испукана, омекната или побелена кожа-Непријатен мирис.
Што е габична инфекција на стапалата?Тоа е габична инфекција на кожата предизвикана од габи кои виреат во топли и влажни средини, како соблекувални, тушеви и јавни базени. Одењето боси на овие места ве изложува на поголем ризик. Габичната инфекција на стапалата обично се појавува меѓу прстите на нозете, но може да ги зафати и табаните и страните на стапалата.Не мора да сте спортист за да се заразите и не е предизвикана од лоша хигиена. Габичните инфекции на кожата може да бидат непријатни, но во повеќето случаи нема за што да се грижите – лесно се лекуваат.Како се користи?Лекот треба да го употребувате како што е пропишано во Внатрешното упатство за пациентот (освен ако лекарот не одреди поинаку). Доколку не сте сигурни, Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако не се придржувате кон упатството, лекот нема да дејствува правилно.Канестен® кремот нанесете го во тенок слој и втријте го на заболените места 2- до 3-пати на ден.

Слични Продукти