Клотримазол е дериват на имидазол со антигабично дејство. Клотримазол дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана.
Канестен® раствор се употребува за лекување дерматомикози (габични инфекции на кожата) предизвикани од дерматофити, квасни габи, мувла и други габи (габични инфекции на стапалата и кожата меѓу прстите на нозете, габични инфекции на рацете, габични инфекции на кожата на телото и на кожните ингвинални набори, питиријазис верзиколор) и еритразма.
Што е габична инфекција на стапалата?
Тоа е габична инфекција на кожата предизвикана од габи кои виреат во топли и влажни средини, како соблекувални, тушеви и јавни базени. Одењето боси на овие места ве изложува на поголем ризик. Габичната инфекција на стапалата обично се појавува меѓу прстите на нозете, но може да ги зафати и табаните и страните на стапалата.
Не мора да сте спортист за да се заразите и не е предизвикана од лоша хигиена.Габичните инфекции на кожата може да бидат непријатни, но во повеќето случаи нема за што да се грижите – лесно се лекуваат.
Вообичаени симптоми на габични инфекции на кожата
Црвен осип или плускавци
Чешање, пецкање или боцкање
Излупена, напукана или лушпеста кожа
Испукана, омекната или побелена кожа
Непријатен мирис
Како се користи?
Лекот треба да го употребувате како што е пропишано во Внатрешното упатство за пациентот (освен ако лекарот не одреди поинаку). Доколку не сте сигурни, Ве молиме советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако не се придржувате кон упатството, лекот нема да дејствува правилно. На кожата нанесете тенок слој од Канестен растворот, 2-3 пати дневно и втријте го. Доволни се неколку капки за лекување на површина голема колку дланка.
Не заборавајте!
За да се обезбеди целосно излекување во зависност од индикацијата, третманот треба да продолжи според индикациите, дури и ако симптомите исчезнат.
Кога имате габична инфекција на стапалата таа е честа состојба не е сериозна и не е крај на светот, но симптомите се досадни и може да се влошат ако инфекцијата се задржи или се повтори.Затоа, не треба да ја игнорирате туку едноставно треба само да ја лекувате.