DULCOLAX  tbl 20 x 5mg Product Main Image

DULCOLAX TABLETI 5mg x 20

Brand: HealthAid brand logo HEMOFARM

Произведувач: ХЕМОФАРМ , HEMOFARM

360,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Состав: 1 гастротрезистентна таблета содржи: 5 mg бисакодил.
Помошни супстанции со потврдено дејство: лактоза монохидрат, сахароза,
рицинусово масло.
Помошни супстанции со посебно дејство: лактоза монохидрат
Пакување: 20 гастротрезистентни таблети /кутија.
Начин на употреба: перорална употреба. Лекот е наменет за возрасни и деца
постари од 4 години.
-При краткотрајна терапија кај пациенти со констипација
Возрасни и деца постари од 10 години:
Земете една или две таблети (5 или 10mg) дневно навечер пред спиење
Деца на возраст помеѓу 4 и 10 години:
На оваа возраст DULCOLAX таблетите се даваат само по препорака на лекар!
Вообичаена доза за деца е:
Една таблета (5mg) дневно, навечер пред спиење
-По препорака на лекар за подготовка за радиолошки, дијагностички и хируршки
процедури за кои е потребно празнење на црева
Возрасни и деца постари од 10 години: доза од две Dulcolax гастрорезистентни
таблети (10mg) наутро и две гастрорезистентни таблети (10mg), навечер пред
прегледот и една супозиторија од 10 mg наутро, пред прегледот.
Деца на возраст од 4-10 години: една Dulcolax гастрорезистентна таблета (5mg)
навечер и лаксатив за деца со моментално дејство 1 супозиторија (5 mg)
следното утро.
Таблетите е потребно да се проголтаат цели со доволна количина на течност.
Немојте да го употребувате лекот Dulcolax:
ако сте изгубиле многу течности;
ако имате силни абдоминални болки пропратени со мачнина и повраќање
Лекот Dulcolax не треба да се зема подолго од 5 дена. Ако имате секојдневна
потреба за земање лаксативи, или ако имате болка во стомакот која не поминува,
потребно е да се јавите кај својот лекар.
Пред употреба внимателно прочитајте го упатството за употреба.

Слични Продукти