EFRIVIRAL aciklovir 5% LIP Product Main Image

EFRIVIRAL ACIKLOVIR 5% LABELO

Произведувач: AESCULAPIUS FARMACEUTICI

226,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Efriviral Labiale е антивирусен лек во форма на стик што содржи 5% ацикловир (aciclovir) и се користи за лекување на инфекции предизвикани од вирусот херпес симплекс на усните (herpes labialis). Лекoт дејствува така што селективно го спречува размножувањето на вирусот херпес во самите инфицирани клетки.
Начин на употреба - Нанесете го лекот колку што е можно побрзо по појавата на првите симптоми. Тоа вклучува печење, чешање или црвенилo. Третманот треба да трае најмалку 4 дена. Може да се продолжи до максимум 10 дена доколку раната не е целосно залечена. Избегнувајте непотребно допирање за да не ја раширите инфекцијата.
Возраст: Лекот не е наменет за деца под 12 години бидејќи безбедноста и ефикасноста не се доволно испитани за оваа возраст. Не го користете ако сте алергични на ацикловир, валацикловир или на некоја од помошните состојки. Доколку сте бремени или доите, консултирајте се со лекар пред употреба. Системската апсорпција преку кожата е минимална, но потребна е претпазливост.Ако херпесот не исчезне или не се подобри по 10 дена, задолжително обратете се кај вашиот матичен лекар.

Слични Продукти