Хепадиет е додаток на исхраната со екстракти од артичок, млечен трн (силимарин), глуварче, инозитол и витамин Б6. Препорачува се при слаба функција на црниот дроб, хиперхолестеролемија, артериосклероза и хепатобиларна инсуфициенција, како и за поддршка кај цироза и други пореметувања на црниот дроб.
Артичокa: ја стимулира жолчката, го подобрува варењето и помага при холестерол.
Млечен трн: го штити и регенерира црниот дроб, корисен при воспаленија и интоксикации.
Глуварче: ја нормализира функцијата на жолчката, ја подобрува дигестијата и ја стимулира диурезата.
Липотропни фактори (Инозитол, Колин, D,L-Метионин): спречуваат таложење на маснотии и поддржуваат правилен метаболизам на холестеролот.
Витамин Б6: ја подобрува метаболичката функција на црниот дроб.
Пред употреба прочитајте го упатството и консултирајте се со лекар или фармацевт.