EVELINE 8/1 nokti terapija Product Main Image

EVELINE 8/1 NOKTI TERAPIJA

Произведувач: EVELINE

213,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Eveline Cosmetics Nail Therapy Total Action 8 во 1 за регенерација и зајакнување на слаби и скршени нокти. Формулата содржи активен комплекс со титаниум и дијамант кој продира длабоко во ноктната плоча, ја зацврстува и го стимулира нејзиниот раст.Производот е наменет за решавање на следниве проблеми со ноктите:Кршливост и пукање,листање на ноктите,слаб и бавен раст,тенка ноктна плоча,оштетувања (на пример, по вадење гел или акрил,нерамнини и брановидни нокти, како и губење на природниот сјај.За да постигнете максимални резултати и да избегнете несакани ефекти (поради присуството на 2% формалдехид кој служи како зацврстувач, строго следете го фабричкото упатство:
Ден 1: Нанесете еден слој директно на чисти, суви и одмастени нокти.
Ден 2: Нанесете втор слој директно врз првиот (без да го бришете претходниот).
Ден 3: Избришете ги двата слоја со ацетон/отстранувач на лак и нанесете повторно еден нов слој.Повторување: Овој циклус се практикува во континуитет од 2 недели. По завршување на третманот, направете пауза од 1 месец пред да го користите повторно. Потоа може да се користи како обична база под лак во боја.
Мерки на претпазливост -Заштитете ги заноктиците: Пред нанесување, намачкајте ја кожата околу ноктите со хидратантна крема или масло за заноктици за да спречите сушење или пецкање.
Ако почувствувате силно пецкање или болка во ноктите, веднаш избришете го лакот. Тоа значи дека вашите нокти се премногу тенки за оваа силна формула. Во тој случај, преминете на Eveline 8 in 1 Sensitive верзијата која не содржи формалдехид.

Слични Продукти