FLENTY GEL 30g Product Main Image

FLENTY GEL 30g

Brand: HealthAid brand logo ALKALOID

Произведувач: АЛКАЛОИД , ALKALOID

345,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Flenty (Фленти) гел е лек без лекарски рецепт во форма на гел за локална примена, кој се користи за брзо ублажување на чешање и иритација на кожата.Припаѓа во групата на локални антихистаминици. Главната активна супстанција е диметинден малеат (dimetindene maleate) во концентрација од 1 mg/g.Дејство: Ја блокира активната улога на хистаминот на местото каде што се нанесува. Ја намалува пропустливоста на капиларите и дејствува како локален анестетик. Почнува да дејствува во рок од неколку минути, а максималниот ефект се постигнува по 1 до 4 часа.Изглед: Хомоген, безбоен и проѕирен гел без мирис.
Индикации-Гелот се користи за краткотрајно смирување на јадеж предизвикан од:Убоди и каснувања од инсекти.Изгореници од сонце.Површински изгореници од прв степен.Алергиски реакции на кожата, исип и уртикарија (копривњача).Различни видови кожни дерматози кои предизвикуваат чешање.Како се користи (Дозирање)Начин на примена: Се нанесува во тенок слој на зафатената површина од кожата 2 до 4 пати на ден.Важно: Треба да се нанесува само на неоштетена кожа (да нема отворени рани, крварења или тешки воспаленија).Предупредувања и мерки на претпазливостДеца и доенчиња: Гелот не смее да се нанесува на големи површини од кожата кај доенчиња и мали деца.Бременост и доење: Потребно е да се консултирате со лекар или фармацевт пред употреба. Доколку се користи, не смее да се нанесува на големи површини, а мајките што дојат не смеат да го нанесуваат на градите.Изложување на сонце: По третирањето на кожата, се препорачува тие делови да не се изложуваат на директно сонце .

Слични Продукти