HERBA wild oregano oil 10ml Product Main Image

HERBA DIVO ORIGANO MASLO 10ml

Произведувач: ХЕРБА НАТУРА, HERBA NATURA

720,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Маслото од диво оригано на Herba Natura е моќен природен антибиотик со силни антивирусни, антибактериски, антифунгални и антипаразитски својства. Неговата главна активна состојка е карвакрол (carvacrol), која ефикасно уништува над 30 видови на микроорганизми и помага во заштита на имунитетот.
Главни придобивки и индикации
Маслото се применува како природна поддршка за организмот при Herba Natura - Еликсир:Бактериски и габични инфекции: Ефикасно делува против упорни бактерии како Ешерихија коли, Стрептококи, Стафилококи, Салмонела и габични инфекции како Кандида.Дишни патишта: Помага при воспаление на синусите, кашлица, настинки и грип со тоа што го зајакнува респираторниот систем. Дигестивен систем: Ги ублажува симптомите на надуеност, дијареа и дигестивни проблеми.
Начин на употреба и дозирање
Маслото од диво оригано е исклучително концентрирано и задолжително се користи разредено со базично масло (маслиново, кокосово, ленено) или во млечен производ.За превенција: Се зема 1 пати на ден по 4 капки, растворени во една кафена лажичка базично масло.За третман на заболувања: Се зема 3 пати на ден по 4 капки (растворени во лажичка базично масло) во период не подолг од 15 дена. Потоа задолжително се прави пауза од 10 дена. За деца под 12 години: Се препорачува половина од дозата за возрасни и по консултација со лекар.

Слични Продукти