IHTIGAL black ointment 20g Product Main Image

IHTIGAL CRNA MAST 20g

Brand: HealthAid brand logo GALAFARM

Произведувач: ГАЛАФАРМ, GALAFARM

107,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Ихтигал кај народот позната и како „црна маст“, е медицински препарат наменет за смирување на воспалителни, гнојни и инфективни процеси на кожата.Маста содржи активна супстанција (ихтамол) која има моќно Антибактериско дејство – ги уништува бактериите на површината,Противвоспалително дејство – го намалува црвенилото, отокот и болката,Кератопластично дејство – помага во регенерација на кожното ткиво.Ихтигал маста се користи како ефикасно средство при чиреви и апцеси на кожата,поткожни и враснати влакна (кои често создаваат болни гнојни топчиња),инфицирани мозолчиња и акни,егземи, лишаи и иритации на кожата,помали гребнатини и површински воспаленија.Темелно измијте го и исушете го засегнатото место.Нанесете тенок слој од маста директно на воспалението 1 до 2 пати дневно. Поради специфичната црна боја и силен мирис, се препорачува местото да се покрие со чиста газа или фластер за да не се извалка облеката.
Важни предупредувања
Не се нанесува на отворени, крвави рани.Строго избегнувајте контакт со очите и слузокожата.Маста остава трајни флеки на ткаенини, па затоа бидете внимателни при нанесувањето.

Слични Продукти