Калмфлекс (Calmflex) е ефикасен крем за надворешна употреба произведен од Бионика Фармацеутикалс, наменет за брзо ублажување на болки во мускулите и зглобовите. Делува така што ја подобрува циркулацијата, предизвикува пријатно загревање на третираното место и ја блокира болката.Kремот содржи моќна комбинација од три клинички докажани активни супстанции:Метил салицилат (10%) – делува против воспаленија и ја намалува болката.Левоментол (5.4%) – дава почетно чувство на ладење, по што следи загревање и релаксација.Еугенол (1.3%) – природно есенцијално масло од каранфилче со антисептичко и локално анестетичко дејство.Кремот има широка примена кај воспалителни и невоспалителни состојби на локомоторниот апарат.
Болки во мускулите (истегнати мускули, грчеви и прекумерен физички напор).Промени на зглобовите (артритис, реума и воспаленија на зглобовите).Спортски повреди (истегнувања, искривувања/луксации, но исклучиво на неоштетена кожа).Невралгија (болка предизвикана од иритација на нервите).Кремот се нанесува во тенок слој на засегнатото место и нежно се втрива со масажа.Наменет е само за надворешна употреба на здрава и неоштетена кожа.Избегнувајте контакт со очите, мукозните мембрани или отворени рани.Пред употреба, секогаш внимателно прочитајте го упатството спакувано во производот.