Меди-викс билна маст/гел која содржи мека база богата со етерични масла. Најчесто се користи за олеснување на респираторни проблеми, синуси и болки во мускулите.Се користи за масирање на градите и грбот за полесно дишење, смирување на кашлица и отпушување на синусите, како и за ублажување на благи главоболки и мигрени (со нанесување на челото и слепоочниците).Етеричните масла имаат енергетски ефект кој ја подобрува циркулацијата и помага во инхалација на респираторниот систем. Поради силниот состав на етерични масла оваа маст не треба да се користи кај бебиња и многу мали деца без претходна консултација со педијатар, бидејќи силните состојки може да предизвикаат иритација на кожата или дишните патишта.