Pharmamed Pantenol кремот е ефикасен производ наменет за нега, заштита и брза регенерација на оштетена и иритирана кожа. Се базира на декспантенол (50 mg во 1 g крем), кој во ткивата се трансформира во пантотенска киселина (витамин Б5) и ја задржува влагата длабоко во кожата.
Се користи за забрзување и заздравување на површинските слоеви на кожата, при мали рани и свежи лузни.Истовремено помага кај благи изгореници и црвенила предизвикани од сонце, ветер или солена и хлорирана вода, ја смирува сувата и испукана кожа,го ублажува чешањето, пецкањето и воспалителните процеси.Се препорачува за секојдневна нега на бебиња, деца и возрасни.
Кремот се нанесува локално на исчистена кожа во тенок слој со нежно масирање додека да се впие според индивидуалните потреби на кожата.