Panthenol Ultra од производителот Hemofarm се ориблети наменети за заштита, ублажување и брза регенерација на слузницата на усната шуплина, грлото и гингивите. Активната компонента е пантотенска киселина (витамин Б5), која е златен стандард за смирување на иритации на грлото.
Дејство
Активно помага во обновувањето на оштетената слузница на устата и го забрзува заздравувањето на тој начин што пријатно ја лади слузницата, намалувајќи го чувството на печење, болка и сувост. Формира филм кој го штити грлото од понатамошни иритации.
Употреба
При воспаленија и инфекции на грлото и усната шуплина (фарингитис, ларингитис).
Кај појава на афти, стоматитис или воспалени непца (гингивитис).
За иритации предизвикани од чад од цигари.
При механички иритации предизвикани од носење протези или ортодонтски апарати.
Дозирање: Се препорачува 1 ориблета на ден.Ориблетата треба полека да се растопи во устата без џвакање или голтање, за да се постигне максимално локално дејство.Овие ориблети со повисока доза (120mg) се примарно формулирани само за возрасни.