Септолете тотал е современ лек со посебен состав кој овозможува целосен третман на болното грло. Дејствува на причината за инфекција и ги ублажува симптомите на воспалението, како што се:болка,црвенило,оток,печење,нарушена функција на грлото,целосен третман за болки во грлото
Повеќето случаи на болно грло кај возрасните и деца се предизвикани од вируси, па затоа антибиотиците во овој случај не се ефикасни и се препорачува соодветна терапија која брзо ослободува од болки во грлото.
Кога вашето грло е надразнето, отечено или ве боли, потребен ви е целосен третман. Септолете тотал е посебна комбинација од две активни состојки:
Бензидамин – овозможува олеснување на болката и воспалението во грлото и Цетилпиридиниум – ја отстранува причината за инфекција
Комбинацијата на овие две активни состојки обезбедува тројно дејство:противвоспалително,аналгетско и антисептичко.
Употреба
Возрасни
За еднократна доза, притиснете го спрејот еднаш до двапати. Ова може да го повторувате на секои 2 часа, 3 до 5 пати на ден.
Употреба кај деца
Деца на возраст над 12 години
За еднократна доза, притиснете го спрејот еднаш до двапати. Ова може да го повторувате на секои 2 часа, 3 до 5 пати на ден.
Деца на возраст од 6 до 12 години
За еднократна доза, притиснете го спрејот еднаш. Ова може да го повторувате на секои 2 часа, 3 до 5 пати на ден.
Септолете тотал не треба да се користи кај деца на возраст под 6 години.