Sensilis Клиндацин лосионот за лице со клиндамицин е наменет за локален третман на акни и мозолчиња.Лосионот го инхибира растот на бактеријата Propionibacterium acnes и го отстранува вишокот маснотии од кожата.Активната состојка е клиндамицин хидрохлорид 1% (clindamicin hydrochloride 1%), растворен во база од алкохол, вода и пропилен гликол (alcohol, aqua, propylene glycol).Делува антибактериски директно во порите, ги суши веќе настанатите акни и спречува создавање нови воспалителни процеси.
Начин на употреба-Темелно измијте го лицето и нежно исушете го со чиста крпа.Нанесување: Нанесете од лосионот на парче вата или туфер.Нежно пребришете ги засегнатите зони со акни. Се препорачува употреба 2 пати на ден (наутро и навечер).Поради присуството на алкохол, лосионот може да ја засуши кожата. По неговото сушење на кожата, се препорачува нанесување на некоја некомедогена хидратантна крема.
Контраиндикации и мерки на претпазливост*Лосионот не треба да го користат лица преосетливи на клиндамицин или линкомицин.Избегнувајте контакт со очите, устата и со отворени рани.Бидејќи содржи антибиотик, најдобро е пред подолга употреба да се консултирате со дерматолог за да се избегне развивање на бактериска отпорност (резистенција).