Uriage Bebe 1er Change е заштитен и смирувачки крем наменет за секојдневна нега на бебешката кожа во пеленската регија. Главното дејство на овој крем е ефикасно да го спречи појавувањето на црвенила, да го ублажи пеленскиот осип и да ја обнови ослабената кожа под влијание на влагата и триењето од пелените.Производот содржи 96% состојки од природно потекло и е формулиран без парфеми за да се минимизира ризикот од алергии на деликатната бебешка кожа .
Kарактеристики и состав
Цинк оксид и пчелин восок, Создаваат заштитен филм на површината на кожата кој ја изолира од штетното дејство на урината и столицата, но без оклузивен ефект (кожата продолжува нормално да „дише“),Uriage термална вода и органски еделвајс-Интензивно го смируваат чувството на нелагодност, го намалуваат црвенилото и ја зајакнуваат природната кожна бариера .
Шеа путер- Помага во брза регенерација, длабински ја храни и ја омекнува кожата .
Начин на употреба
Кремот се нанесува во подебел слој на целосно чиста и сува кожа по секоја промена на пелени . Може да се користи превентивно секој ден или при појава на првите знаци на иритација и црвенило. Соодветен е за новороденчиња уште од првиот ден од раѓањето.