4U BABYTOL OMEGA DHA x 30cps Product Main Image

4U BABYTOL OMEGA DHA x 30

Brand: HealthAid brand logo 4UPHARMA

Произведувач: 4UPHARMA

580,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

TWIST OFF КАПСУЛА – ЕДНОСТАВНА И КОМФОРНА ЗА ПРИМЕНА
DHA омега- 3 масната киселина во производот е од масло добиено од природни, морски микроалги – најбогатиот извор на DHA масни киселини, со висок квалитет.Микроалгите се одгледани во строго контролирани услови, така што не постојат никакви загадувачи во маслото. Ова масло од микроалги е најбезбедниот извор на DHA кај новороденчињата, што потврди и Европската агенција за безбедност на храна.
Омега- 3 масните киселини имаат непријатен мирис на риба. Маслото од микроалги во производот Babytol DHA е произведено со висок технолошки процес, така што нема ни вкус ни мирис! DHA е важна за развој на видот, мозокот, когнитивните и психомоторните функции на вашето дете, посебно во првата година од животот.
Twist – off капсули од желатин што се јадат, растворливи во вода, потполно безбедни за примена кај новороденчињата.
Едноставно, завртете го горниот дел додека речиси не се искине, и тогаш повлечете и отстранете го горниот дел на капсулата, а содржината истиснете ја директно во устата на бебето.
Бидете внимателни при отворање на капсулите, да не истече маслото, и капсулата да стане лизгава!
DHA омега – 3 масната киселина, како главна структурна компонента, има клучна улога во:
Развојот на нервниот систем на детето
Развојот на мозокот, менталните и когнитивните функции
Подобрувањето на психомоторните функции кај децата
Нормалниот развој на видот, острината на видот и функциите на очите.

Слични Продукти