СОСТАВ-Екстракт од корен на африкански пеларгониум, екстракт од плодовите на бозел и ацерола, екстракт од шипка, цинк, витамин Д и бакар.Помошни супстанции: сахароза, Л-аскорбинска киселина и лимонска киселина (регулатори на киселоста), арома на јагода
Употреба: Препорачана дневна доза за деца од 1 до 3 години е 10 мл. Се препорачува употреба на сирупот 2 пати дневно по половина од дневно дефинираната доза и тоа наутро и навечер. На капачето има градуирана пластична чаша за дозирање на сирупот. Пред употреба протресете го шишето. Доколку детето е потешко од 40 кг тогаш препорачаната дневна доза е 15 мл, поделено на 2 еднакви дози, наутро и навечер.По отварање шишето да се чува во фрижидер. Да се употреби во рок од 1 месец по отварањето. Производот не треба да го употребуваат лица преосетливи на некои од состојките.
Препорака од фармацевтскиот тим на Амброзија Фарм
Производот не е наменет за деца под 1 година. Да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи.Граничниот производот VIRANTO Forte for you! не смее да се користи како замена за разновидна и избалансирана исхрана. Граничниот производ не е наменет за лекување!Потребно е внимание при употреба на производот кај лица кои имаат дијабетес заради високата содржина на шеќер, како и кај лица кои имаат вродена или стекната склонот кон крварење. Употребувајте го производот под медицински надзор.Viranto Forte делува антивирусно така што спречува врзување на вирусот за рецепторите на клетките. На тој начин директно го блокира влегувањето на вирусот во клетката.Доколку сепак вирусот влезе во клетката, Viranto Forte го спречува размножувањето на вирусот во клетките и негово понатамошно ширење во организмот,ги намалува и ублажува симптомите на вирусна инфекција: кашлање, болка во грлото, непрооден нос, блокирани синуси, температура,овозможува брзо опоравување од вирусни респираторни инфекции .