EASYLAX микроклизми за деца
Зголемениот волумен на течност (глицерин) предизвикува брза експанзија во долниот интестинален тракт, што резултира со силна перисталтика и нагон за дефекација, ја опушта и разводнува столицата, при што ја олеснува нејзината евакуација.
Течниот екстракт од камилица делува:Антифлогистички,Антисептично ,Антиинфламаторно,Благо спазмолитички.
Слузите во течниот екстракт од бел слез делуваат: Емолиентно и ја зголемуваат влажноста на слузницата.
Состав: активни компоненти – глицерин 2,25g
Додатни компоненти – пченичен скроб 0,02g, течен екстракт од слез 0,1g, течен екстракт од камилица 0,1g и прочистена вода.
Употреба: Се употребува како средство за прочистување, за деца и возрасни.
Дозирање: 1 до 2 клизми во период од 24 часа за деца ,2 клизми во период од 24 часа за возрасни