GALENIKA PANTENOL+VIT.C x 20 Product Main Image

GALENIKA PANTENOL + VITAMIN C ORIBLETI x 20

Произведувач: ГАЛЕНИКА, GALENIKA

130,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Galenika Пантенол + витамин Ц е граничен производ.
Пантотенската киселина во ткивата влегуват во состав на коензимот А, кој е потребен за метаболизмот на јаглените хидрати, масти, белковини и неутрализирање на штетното дејство на некои метаболички производи.Витаминот Ц, во вода растворлив антиоксиданс, учествува во голем број на оксидо-редукциони процеси во организмот и во создавањето на колаген и други делови на врзивното ткиво.Овие процеси овозможуваат учество на пантотенската киселина и витаминот Ц во зачувување на правилното функционирање на здравата слузница и обновувањето на слузницата на устата, грлото, јазикот и непцата.Пантенол со витамин Ц ориблетите се употребуваат за ублажување на потешкотиите настанати после .помали повреди или изгореници како и за стимулирање на регенерацијата на слузницата на усната шуплина, грлото, јазикот и непцата при надразувања од различно потекло (тутунски дим, смог).Пантенол со витамин Ц ориблетите можат да бидат додаток на антибиотската терапија кај локалните воспалителни процеси на усната шуплина.
Возрасни и деца над 12 години: еднаш дневно, 1 ориблета постепено да се растопи во уста.Предупредување: немојте да го земате/употребувате .Пантенол со витамин Ц ако сте преосетливи на било која состојка на граничниот производ. Прекумерната употреба може да предизвика лаксативен ефект. Граничниот производ не е наменет за деца под 12 години. Лица кои се нетолерантни на некои шеќери овој производ можат да го користат само после консултација со својот лекар. Ако сте бремени, планирате бременост или доите, пред да почнете да го земате лекот, посоветувајте се со својот лекар или фармацевт. Земање/употреба на други медицински производи:Пантенол со витамин Ц можат да се користат како додаток на антибиотската терапија кај локалните воспалителни процеси на усната шуплина. Не смее да се надмине препорачаната дневна доза. Граничниот производ не може да се користи како замена за разновидна исхрана. Да се чува на температура до 25°C во оргиналното пакување.

Слични Продукти