PICO B комплекс е соодветен за спречување на замор и исцрпеност при секојдневната настава, стрес, корисен е за подобрување на помнењето и концентрацијата, корисен е и за раст на телото, за време на пубертетот , како и за време на терапија со антибиотици.
Дозирање и начин на употреба:
деца од 0 - 6 месеци по препорака на педијатар,
деца од 1 - 3 години 1 x 5 мл/ден,
деца од 4 - 6 години 1 x 7,5 мл/ден,
деца над 6 години 1 x 10 мл/ден.
Начин на употреба: се зема орално, пред или после оброкот.
Состав: вода, фруктоза, арома, конзерванс: калиум сорбат, витамин Б3 (никотинамид), Б12 (цијанокобаламин,скроб), витамин Б2 (рибофлавин), витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид), пантотенска киселина (калциум д-пантотенат), инозитол витамин, средство за регулирање на киселоста: лимонска киселина.
Податоци за можни несакани дејства
Потребно е да се придржувате кон препорачаните дози. Несакани дејства не се познати, освен преосетливост кон некоја од состојките. Производот да не се користи по истекот на рокот за употреба. Пико Б комплекс не е контраиндициран во состојби на бременост и доење.
Податоци за чување и рок на употреба на Пико Б комплекс
Да се чува на температура од 15-30° С и да се избегнува директна изложеност на топлина.
Рок на употреба 36 месеци од датумот на производство. Рокот на употреба е означен на пакувањето.