PoxClin пена со разладувачки ефект се употребува за брзо ублажување на иритации, чешање и чувствителност предизвикани овчи сипаници. РoxClin пената со разладувачки ефект содржи 2QR комплекс, патентиран блокатор на бактерии кој помага во заштита и ублажување на иритирана кожа. 2QR комплексот го стимулира природниот процес на зараснување на кожата. Формулацијата на производот овозможува брз ефект на ладење и смирување на кожата, го намалува интензитетот на чешање и го поттикнува природниот процес на зарастување на кожата.
Употреба: Нанесете најмалку 3 пати на ден или секој пат кога сакате да ги ублажите симптомите. За дополнителен ефект на ладење - РoxClin пената со разладувачки ефект чувајте ја во фрижидер. PoxClin пената со разладувачки ефект не треба да ја употребувате повеќе од 30 последователни дена, што вообичаено е доволен период да се покрие целиот третман на варичела.
За третман на поголема површина на кожа која е опфатена со овчи сипаници: Нежно втријте ја пената на кожата. Испарувањето на пената ќе предизвика брз ефект на ладење на кожата.Како помош во спречување на создавање на лузни: Се препорачува употреба на пената секогаш кога е потребно олеснување на симптомите (на пр. секој пат при пресоблекување на детето).
Предупредувања:Само за надворешна употреба. Доколку PoxClin пената со разладувачки ефект дојде во контакт со очи, измијте обилно со чиста вода. Доколку иритацијата и понатаму е присутна побарајте помош од лекар.
При првата примена можно е да треба да се притисне 2-3 пати .