Состав
20.0gr Прополис екстракт (Propolis extract);
0.3gr Жалфија (Salviae off.);
0.6gr Нане (Menthae Piperitae)
0.5gr Сладок Анасон (Foeniculum Vulgare);
0.1gr Еукалиптус (Oleum Eucalyptus);
0.3gr Ментол (Menthol);
Разреден алкохол (Aethanolum Dilutum).
PROANGI SPREJ e сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др. Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии.Проанги двојно е поефикасен при Гр+ бактерии.Противоспалителниот ефект на Проанги се должи на дејството на жалфијата и флавоноидите од прополисот.Жалфијата и прополисот го неутрализираат Herpes simplex вирусот, А2 вирусот на грип, како и Candida albicans.Зголемувајќи ја вредноста на пропердинот врши активирање на алтернативниот пат на комплементот, во исто време ги покачува вредностите на аглутинините во крвта.Антимикробните супстанци се термостабилни.Проанги со својата трофично-гранулациона активност поради зголемената митотичка активност на фиброцитите брзо ја враќа оштетената лигавица во нормална состојба.Етеричните масла имаат противвоспалителен ефект, ја намалуваат болката при голтање и го олеснуваат дишењето.