Септолете тотал е против-воспалителен, аналгетски и антисептичен лек за локална употреба во уста. Септолете тотал врши дезинфекција на устата и грлото и ги намалува симптомите на воспаление на грлото како што се болка, црвенило, оток, печење и нарушена функција.
*Брзо ја ублажува болката
* Го намалува воспалението
*Дејствува против вируси, бактерии и габички
Состав:Активни супстанции: бензидамин хидрохлорид и цетилпиридин хлорид. Секоја пастила содржи 3 мг бензидамин хидрохлорид и 1 мг цетилпиридин хлорид.
УпотребаВозрасни:Препорачана доза е 3 до 4 пастили на ден. Пастилата треба полека да се раствори во устата на секои 3 до 6 часа.
Деца на возраст над 12 години
Препорачана доза е 3 до 4 пастили на ден. Пастилата треба полека да се раствори во устата на секои 3 до 6 часа.
Деца на возраст од 6 до 12 години
Препорачана доза е 3 пастили на ден. Пастилата треба полека да се раствори во устата на секои 3 до 6 часа.
Деца на возраст под 6 години
Септолете тотал не смее да се користи кај деца на возраст под 6 години.
Немојте да го користите овој лек повеќе од 7 дена. Ако симптомите ви се влошат или се уште се присутни по 3 дена или ако се појават други симптоми, како покачена температура, консултирајте се со лекар