STREPSILS PLUS x 16 Product Main Image

STREPSILS PLUS x 16

Brand: HealthAid brand logo RECKITT

Произведувач: RECKITT

314,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Стрепсилс Плус пастилите се користат за симптоматско олеснување на болка при инфекции на уста и грло
Содржат моќен анестетик кој брзо ја намалува болката во грлото и комбинација на антисептици кои се борат против бактериите кои предизвикуваат инфекции.За возрасни и деца од 12 години
Немојте да ги употребувате Стрепсилс Плус пастилите ако сте алергични (пречувствителни) на било која состојка на лекот, ако имате историја на алергија на локални анестетици од групата на амиди, ако Ви кажале дека имате или можеби имате ретко заболување на крвта наречено метхемоглобинемија, ако имате астма или бронхоспазам (отежнато дишење). Лекот не смее да се употребува кај деца под 12 годишна возраст.
Бидете посебно внимателни со Стрепсилс Плус, ако лекарот Ви кажал дека сте нетолерантни на одредени шеќери или ако нешто невообичаено се случи. Ве молиме информирајте го Вашиот лекар или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.
Секоја пастила содржи активни состојки:Амилметакрезол 0.6 мг,2.4-дихлоробензил алкохол 1.2мг,Лидокаин хидрохлорид 10мг
Помошни состојки: винска киселина, натриум сахарин, левоментол, масло од питомо нане, масло од анасон, боја quinoline yellow, боја indigo carmine, течна сахароза и течна глукоза.Една пастила содржи 1.0 гр глукоза и 1.5 гр сахароза.
Употреба: Лекот е наменет само за краткотрајна употреба. Се препорачува употреба на најниска доза во тек на најкраток период потребен за ослободување од симптомите.За локална употреба во уста.Возрасни, постари пациенти и деца над 12 години:Една (1) пастила полека се растопува во уста на секои 2 часа, по потребаДа не се земаат повеќе од 8 пастили во тек на 24 часа
Консултирајте се со Вашиот лекар ако симптомите перзистираат после 3 дена или се придружени со висока температура или главоболка

Слични Продукти