TRACHISAN LOZENGES x 20 Product Main Image

TRACHISAN PASTILI x 20

Произведувач: ЕНГЕЛХАРД, ENGELHARD

380,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Состав: 1 пастила содржи 0.5мг тиротрицин, 1мг лидокаин хидрохлорид и 1мг хлорхексидин диглуконат, сорбитол, магнезиум стеарат и арома (масло од ментол).Трахисан пастилите содржат активни компоненти кои имаат аналгетски и антимикробни својства, кои се употребуваат како лековито средство при воспаленија во усната шуплина и грлото како стоматит, гингивит, парадонтоза, глосит, тонзилит, фарингит, дисфагија.
Во профилактички цели за спречување на инфекции пред и по хируршки интервенции во усната шуплина и грлото.
Возрасни и деца над 6 години земаат по една пастила, која треба бавно да се шмука, на секои 2 часа. Максимална дневна доза за деца е до 6 пастили, а за возрасни до 8 пастили. При редовна употреба на препаратот симптомите исчезнувааат по неколку дена. За максимална ефикасност на терапијата, истата треба да се продолжи и 2-3 дена по исчезнување на симптомите.
Доколку нема подобрување во првите 10 дена, потребна е консултација со лекар.
Трахисан пастилите ако не се препишани од лекар или стоматолог, не треба да се земаат повеќе од 6 седмици без прекин.

Слични Продукти