Tylol cold сирупот може да се употребува за олеснување на симптомите од настинка и грип, вклучувајќи лесни до умерени болки, кашлица, течење на нос, главоболка, затнат нос и синуси и при намалување на зголемена телесна температура.
Секои 5 ml од TYLOL COLD сирупот содржат:160 mg парацетамол,1 mg хлорфенирамин малеат,5 mg декстрометорфан хидробромид и 15 mg псеудоефедринхидрохлорид.
Парацетамолот делува против болка кој припаѓа во групата на неопоидни аналгетици.
Парацетамол исто така има аналгетично и антипиретично дејство.Хлорфенирамин припаѓа во групата антихистаминици кои помагаат при ослободување на симптомите на алергија како: ринореа, назална конгестија, црвенило и/или преосетливост на очите. Псеудоефедрин хидрохлорид е деконгестив кој го отстранува чувството на затнат нос.Декстрометорфан е антитусик (ја ублажува кашлицата).
Овој производ може да се употребува за олеснување на симптомите од настинка и грип, вклучувајќи лесни до умерени болки, кашлица, течење на нос, главоболка, затнат нос и синуси и намалување на зголемена телесна температура.