TYLOL HOT pediatric x12
Секоја ќесичка содржи 250mg парацетамол, 2mg хлорфенирамин малеат и 30mg псеудоефедрин хидрохлорид.Парацетамолот делува така што ја ублажува болката и ја намалува треската. Хлорфенирамин ги ублажува симптомите на алергија како што се течење на носот, назална конгестија, црвенило и/или преосетливост на очите. Псеудоефедрин хидрохлорид е деконгестив кој ја олеснува назалната конгестија.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.