100% природен спреј за нос
Антиалергиски спреј за нос со Ектоин® 2%, морска сол, вода прочистена.Без конзерванси.Природна состојка ектоин наменет за превенција и ублажување на симптомите на алергиски ринитис. Со извонреден сигурносен профил и клинички докажана ефикасност, соодветен е за употреба кај деца од најрана возраст и возрасни. Aqua Maris® 4Allergy спрејот за нос се користи за: ублажување на симптомите на алергиски ринитис како што се чешање во носот, течење на носот, кивање и затнувањето на носот нега и заштита на епителот на носната слузница при зголемена изложеност на организмот на разни алергени како што се полен и домашна прашина ,превентивна употреба, во текот на целата година.
Aqua Maris® 4Allergy дозираниот спреј за нос се распрскува 1-2 пати во секоја носница неколку пати на ден. Бидејќи Aqua Maris® 4Allergy спрејот за нос ја поддржува физиолошката состојба на слузницата и нема системско дејство, соодветен е за деца од најрана возраст и возрасни.
На деца помали од 10 години потребна им е помош од родител при користење на производот.
Со оглед на јачината на симптомите може да се употребува самостојно или во комбинација со други антиалергиски производи. Вообичаениот период за употреба е во текот на сезоната на алергии, но и пред и по изложеност на организмот на алергени надвор од сезона.
Пред првата употреба отстранете го заштитното капаче и притиснете ја пумпицата 2-3 пати за да се ослободи воздухот.
Од хигиенски причини секој производ би требало да го користи само едно лице.