Состав: морска вода 70%, пурифирана вода 30%, еквивалентно на 23 г/л NaCI (2,3%), без конзерванси, без лекови, без хемиски адитиви.100% природен.
Sinomarin® е хипертоничен раствор од морска вода (2,3% NaCl), богат со корисни состојки од морето (минерали и елементи во трагови). Sinomarin® ja ослободува назалната конгестија и синусниот притисок по природен пат на осмоза. Исто така Sinomarin® Ги чисти назалните празнини, елиминирајки ги акумулираниот мукус, крусти, прашина, нечистотии, аерозагадувачи, алергени и инфективни агенси. Дополнително помага во навлажнување на назалната мукоза.
Sinomarin® се препорачува за:
Сите случаи на назална и синусна конгестија пр. ринитис (инфективен или алергиски), синузитис: од настинка и грип
Во случаеви каде медикаментозните деконгестиви се контраиндицирани (пр. бременост, доење, тироидни нарушувања, висок крвен притисок, срцеви проблеми, диабетес)
Да ја подобри ефикасноста на медикаментозните деконгестиви и да ја намали нивната употреба
За профилакса на назални и секундарни ОРЛ инфекции и компликации пр. отитис
Да го подобри опоравувањето после едноназална операција
За секојдневна хигиена (пр. во загадена средина)
За хидратација во суви околини
Состав: морска вода 70%, пурифирана вода 30%, еквивалентно на 23 г/л NaCI (2,3%), без конзерванси, без лекови, без хемиски адитиви.
100% природен.
Начин на употреба: 1-3 прскања во секоја ноздра, 2-3 пати дневно
Идеален за деца над 6 години и возрасни.
Мерки на претпазливост: Само за назална употреба. Назалниот апликатор да не го употребува повеќе од едно лице. Да не се употребува по истекот на рокот за употреба. Да се чува вон дофат на деца. Погоден за време на бременост и доење.