OLYNTH HA NASAL SPRAY 1mg/ml ,10ml Product Main Image

OLYNTH HA SPREJ ZA NOS 1mg/ml, 10ml

Произведувач: FAMAR HEALTH CARE

339,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Назалниот спреј Olynth HA е наменет за олеснување на симптомите кај затнат нос .Овој спреј е наменет исклучиво за возрасни и деца над 12 години .
Се користи за краткотрајно олеснување на затнат нос предизвикан од настинка, синузитис или алергиски ринитис.
Карактеристики
Состав: Содржи активна супстанција ксилометазолин . Активната супстанција спаѓа во групата на симпатомиметици. Таа ги стеснува крвните садови во носот, со што брзо го намалува отокот на слузницата, го олеснува дишењето и го подобрува протокот на воздух. Содржи и Хијалуронска киселина (натриум хијалуронат): дополнителна состојка која ја штити и ја навлажнува носната слузница, спречувајќи го нејзиното сушење и иритација.
Спрејот не содржи конзерванси.
Индикации
Се применува за олеснување на симптомите кај :
Акутна настинка и течење на носот.
Алергиски ринитис и хронично воспаление на носната слузница (вклучувајќи и поленска треска).
Воспаление на синусите (синузитис) — помага за полесно исфрлање на назалниот секрет.
Воспаление на средното уво поврзано со настинка.
Дозирање
Спрејот смее да се користи најмногу 5 до 7 дена континуирано. Подолга употреба може да предизвика спротивен ефект (хронично затнување и оштетување на слузницата). Пред првата употреба, испрскајте неколку пати во воздухот за да се активира пумпата. Вбризгајте по едно прскање во секоја ноздра, до 3 пати на ден (по потреба).
Пред употреба, консултирајте се со лекар или фармацевт доколку имате висок крвен притисок, срцеви заболувања, зголемен очен притисок (глауком) или дијабетес

Слични Продукти